Поранешниот авганистански претседател Хамид Карзаи денеска го повика американскиот претседател Џо Бајден да ја преиспита својата одлука за одземање и распределба на седум милијарди американски долари, замрзнати авганистански средства, меѓу жртвите од терористичките напади од 11 септември 2014 година и хуманитарната помош за неговата земја.
Зборувајќи на прес-конференција во Кабул, Карзаи кажа дека замрзнатите средства треба да се искористат за да се обезбеди стабилност на авганистанската валута и на финансискиот систем на земјата во целина.
– Авганистанскиот народ е исто толкуХамид жртва колку и жртвите и семејствата кои ги загубија своите најблиски, рече тој. „Задржувањето пари или земањето пари од авганистанскиот народ… е неправедно и нечесно и е злосторство против авганистанскиот народ – додаде тој.
Централната банка на Авганистан вчера повика на поништување на одлуката и ослободување на средствата, велејќи дека тие не се во сопственост на влади, партии или групи.
Авганистан располага со имот во странство од околу девет милијарди долари, од кои седум милијарди долари се во банките во САД, додека останатите две главно се чуваат во Германија, Обединетите Арапски Емирати и Швајцарија.