фото: ЕПА

Најстариот кардинал-бискуп и декан на Кардиналскиот збор, Џовани Ре изјави оти се надева дека вечерва ќе биде избран новиот поглавар на католичката црква.

Ре бидејќи има повеќе од 80 години не може да учествува во гласањето, но има големо влијание врз конклавата.

Тој за време на посетата на Помпеја посочи дека се надева оти при враќањето во Рим вечер ќе види бел чад од оџакот на Сикстинска палата.

Според Ре, новиот папа пред сè мора да се обиде да ја зајакне вербата во бог во денешниот технолошки свет.

– Од духовна гледна точка, забележуваме одредена заборавеност на Бога. Затоа е потребна духовна преродба – наведе Ре.