Канаѓанката Паскале Фериер е осудена на 22 години затвор откако се изјасни за виновна по обвиненијата дека меѓу другите му испратила писма со отров рицин до поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп.
Би-би-си јави дека пликот со отровот адресиран до Трамп бил пресретнат во септември 2020 година, додека тој се уште бил претседател, а Фериер пред судот изјавила дека и е жал што нејзиниот план не успеал и „што не можела да го спречи Трамп“. Дополнително, Фериер рече дека себеси не се гледа како терорист, туку како активист.
Во писмото, на кое ФБИ ги најде нејзините отпечатоци, Фериер бара од Трамп да се откаже од претседателската трка и додала дека му пронашла ново име – „грдиот кловн тиранин“.
Таа призна дека сама направила рицин во нејзиниот дом во Квебек и дека го ставила во плик со писмо.
Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести, не постои познат противотров за рицин, кој, во зависност од дозата, може да предизвика смрт во рок од 6 и 72 часа.