Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска објави дека се повлекува од лидерската позиција во владејачката Либерална партија, но ќе остане на премиерската функција се додека не се избере нов лидер, што е планирано за пред општите избори кои треба да се одржат до крајот на октомври, објавија светските медиуми и новинските агенции.
– Имам намера да поднесам оставка како партиски лидер, а како премиер откако партијата ќе го избере својот следен лидер преку силен национален, конкурентен процес. Секое утро кога се будев како премиер, ме инспирираа издржливоста, дарежливоста и решителноста на Канаѓаните. Се борев за оваа земја – изјави Трудо.
Канадскиот премиер поднесе оставка поради зголеменото незадоволство од неговото раководење, но и по брзото заминување на неговиот министер за финансии, што сигнализираше растечки превирања во неговата влада, објави новинската агенција Асошиејтед прес.