Уапсен е возачот на камионот, кој синоќа удри во заштитната ограда на плоштадот Лафајет во близина на Белата куќа, соопшти портпаролот на американската тајна служба.
„Нема повредени меѓу членовите на Тајната служба и персоналот на Белата куќа, а причината и начинот на судирот се уште се истражуваат“, напиша на Твитер портпаролот на Тајната служба, Ентони Гуглиелми.
Неколку улици и пешачки патеки се затворени, соопшти Тајната служба, а телевизијата Фокс 5 објави дека блискиот хотел Хеј Адамс е евакуиран.
Телевизијата ВУСА прикажа снимка од камионот запира покрај оградата и како униформирани полицајци се приближуваат до возилото.
Возачот двапати удрил во оградата, објави ВУСА, повикувајќи се на изјави на сведоци.