Најмалку 12 лица се убиени, а четири се повредени кога незадоволен работник на градската комунална служба, пукал во зградата на општината во Вирџинија Бич, по што бил убиен од страна на полицијата, пренесува „Ројтерс“.
Властите соопштија дека напаѓачот бил наоружан со пиштол со пригушувач и дека неколку пати ја надополнувал муницијата.
Првата жртва била погодена во возило пред зградата, по што напаѓачот влегол во зградата и веднаш неселективно пукал кон сите.
Напаѓачот потоа долго разменувал оган со четворица полицајци во зградата, кои го спречиле да направи поголем масакр, соопшти полицијата.
Еден полицаец е ранет во текот на интервенцијата, но панцирот му го спасил животот.