Актуелниот романски претседател Клаус Јоанис освои најмногу гласови во првиот круг од претседателските избори, а во вториот круг негов противник ќе биде лидерот на опозициската Социјалдемократска партија Виорика Данчила, покажаа прелиминарните резултати.
        
Јоанис освоил 28,7 отсто од гласовите, Данчила 22 отсто, додека лидерот на Сојузот за спас на Романија, Дан Барна освои 16,1 отсто од гласовите. Според објавените податоци, излезноста е 48 отсто, со рекордно гласање на дијаспората.
        
Резултатите од изборната комисија се очекуваат денеска. Вториот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24 ноември.