Специјалното обвинителство на Јужна Кореја денеска поднесе барање за апсење на поранешниот претседател Јун Сук-јеол под обвинение за бунт.
– Барањето за притвор е поврзано со наводи за злоупотреба на службена должност и попречување на правдата – се наведува во соопштението на Специјалното обвинителство, кое ги истражува настаните од 3 декември минатата година.
Јун на 3 декември, за време на жесток спор во Парламентот за државниот буџет, прогласи воена состојба, што по шест часа беше поништена од пратениците. Мерката предизвика сериозна политичка криза во Јужна Кореја.
Јун подоцна беше отповикан, а на Уставниот суд на 4 април официјално го отстрани од функцијата.
Ако 64-годишниот Јун биде осуден се соочува со доживотна затворска казна, а можна е и смртна казна, иако во Јужна Кореја не е извршена егзекуција од 90-тите години на минатиот век.