Владата на Јужна Кореја планира да ја ограничи продажбата на лекови за настинка со цел да го намали бројот на лекови што се продаваат во странство, соопшти денеска јужнокорејското Министерство за здравство.
Јужнокорејската царинска служба ќе ги засили инспекциите на лековите за настинка изнесени од земјата. За детали за тој потег ќе се разговара следната недела.
Јужнокорејските медиуми јавуваат дека голем број Кинези кои ја посетуваат Јужна Кореја се забележани како купуваат големи количини од овие лекови во аптеките.