Србија
Jавниот превоз во Белград ќе биде бесплатен за сите од 1 јануари 2025 година, најави градоначалникот на главниот град на Србија, Александар Шапиќ.
– Од 1 јануари 2025 година целиот јавен превоз во Белград ќе биде бесплатен. Така, веќе никој нема да мора да плаќа билет. Нема повеќе месечни и годишни билети или попусти – објави Шапиќ вчера на прес-конференција.
Тој рече дека со оваа социјална мерка Градот Белград станува лидер во јавниот превоз и дека ќе биде единствениот град во Европа со повеќе од половина милион жители каде што јавниот превоз е бесплатен.
Шапиќ најави и дека до 2027 година ќе биде обновен комплетниот возен парк во јавниот превоз, односно дека, дотогаш, сите автобуси, трамваи и тролејбуси ќе бидат нови. Р.С.