Јапонија денеска успешно лансираше нова ракета Х3 од вселенскиот центар „Танегашима“ во префектурата Кагошима, една година по неуспешниот обид.
– Ракетата H3 влезе во орбитата и постави сателит и два функционални микросателити, објави Јапонската агенција за истражување на воздухопловството.
– Х3 конечно успеа, лансирањето беше успешно – рече менаџерот на проектот за лансирање на ракетата Масаши Окада.
Јапонскиот премиер Фумио Кишида го поздрави успешното лансирање на ракетата од домашно производство, наведувајќи на платформата „Икс“ дека сака да им оддаде почит на напорите на сите луѓе кои учествуваа во проектот во претходните години, додавајќи дека се надева оти ќе продолжи напредокот во таа област.