Фото: ЕПА

Министрите за одбрана на Јапонија и САД лиферуваат став дека постои тенденција за нарушување на мирот и стабилноста на далечниот исток

Според новинската агенција АФП, во телефонски разговор помеѓу јапонскиот министер за одбрана Шинџиро Коизуми и неговиот американски колега Пит Хегсет, разговарале за безбедносната ситуација во Азија и „заеднички констатирале дека таа станува сè позагрижувачка“. Повод за разговорот бил наводниот „инцидентот во близината на Тајван“ пред недела дена, каде според соопштение од јапонското министерство за одбрана „Токио го обвини Пекинг дека на 6 декември кинески воени авиони ги насочиле своите радари кон јапонските ловци во близина на Тајван“.
Но, таа констатација на Токио воопшто не се совпадна со соопштението на официјален Пекинг кој приложи и докази во јавноста дека фактичката ситуација бија целосно спротивна од онаа која ја лиферуваше Токио. Кинеските власти реагираа дека Јапонија треба да престане да се претставува како жртва.

-Кина не го прифаќа таканаречениот протест од јапонска страна, го отфрли на самото место и поднесе контра-протест во Пекинг и во Токио, откако јапонското Министерство за одбрана соопшти дека кинески борбени авиони J-15, лансирани од носачот на авиони „Лиаонинг“, го насочиле радарот кон јапонски Ф-15 авиони над меѓународни води југ-источно од Окинава. Според Министерството за национална одбрана на Кина, кинеската морнарица, вклучувајќи го и носачот на авиони „Лиаонинг“, спроведувала обука во меѓународни води источно од теснецот Мијако – област што била однапред најавена во согласност со меѓународната практика. За време на оваа вежба, авиони на Јапонските сили за самоодбрана повеќепати и намерно се приближувале на мала оддалеченост до зоната на обука, вршејќи надзор и создавајќи нарушувања што сериозно ја загрозиле безбедноста и на пловните објекти и на авионите. И покрај тоа што токму Јапонија ја започнала провокацијата, јапонскиот министер за одбрана набрзина свикал итна прес-конференција. На таа конференција, лажно ги обвини кинеските борбени авиони дека насочиле радарско осветлување кон јапонски авиони. Ова е типичен пример на создавање изговор со цел да се избегне одговорноста и да се оцрнат легитимните одбранбени активности на Кина. Ваквата манипулација со наративот не само што е погрешна, туку и опасно ескалирачка. Реакцијата на Кина беше цврста и доследна. Кинеската страна ја разјасни вистината, ги поби неоснованите обвинувања на Јапонија на повеќе нивоа и побара од Јапонија веднаш да ги прекине опасните блиски маневри, да престане со ширење дезинформации и да избегне понатамошно поткопување на регионалната стабилност. Доколку Јапонија навистина се грижи за поморската безбедност, треба да се соочи со сопственото провокативно однесување наместо да вперува прст кон другите. Меѓународната заедница треба да ја согледа оваа политичка претстава. Стабилноста во Источна Азија бара одговорност и искреност, а не лицемерие и префрлање вина. Јапонија треба да постапува со воздржаност и чесност, а не да глуми жртва додека провоцира пред кинескиот праг – реагираат кинеските власти.