Израелските одбранбени сили (ИДФ) рано утринава објавија дека започнале со нови напади врз инфраструктурата во Иран.
– ИДФ започна широк бран напади врз инфраструктурата на иранскиот терористички режим во Техеран- соопшти војската во објава на Телеграм.
Израел, кој го напаѓа Иран од саботата, соопшти дека преминува во следната фаза од вооружениот конфликт, пренесе МИА.
– Во оваа фаза, дополнително ќе го демонтираме режимот и неговите воени капацитети – рече началникот на Генералштабот Ејал Замир.
Тој, исто така, најави „понатамошни изненадувања“ за идните операции во Иран, без да прецизира за што станува збор.
Како одговор на американските и израелски напади, Иран започна напади врз цели во земјите од Персискиот Залив, вклучувајќи ги американските воени бази и дипломатските канцеларии.
































