Илустрација / Фото: Пиксабеј

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека борбени хеликоптери извршуваат нови напади во на либанска територија, пренесува Скај њуз.

„Првичен извештај – хеликоптери на ИДФ во моментов вршат напади на либанска територија“, се вели во соопштението објавено на Телеграм.

Засега нема повеќе детали, јавија израелски медиуми.

Нападите доаѓаат по извештаите за престрелки на границата со Либан, за што ИДФ тврди дека ликвидирале „голем број лица кои се инфилтрирале“.

Од друга страна, групата Хезболах со седиште во Либан, поддржана од Иран, тврди дека не се обидела да изврши упад.