Премиерот Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел ќе им дозволи на Палестинците да го напуштат Појасот Газа, додека војската подготвува поширока офанзива врз територијата.
– Дајте им можност да заминат, пред сè, да ги напуштат борбените зони и генерално да ја напуштат територијата, ако сакаат. Ќе го дозволиме ова, пред се, во Газа, за време на борбите и сигурно ќе им дозволиме да ја напуштат и Газа“ – изјави Нетанјаху во телевизиско интервју.