Екстремно десничарскиот министер за национална безбедност на Израел, Итамар Бен-Гвир изјави дека секој што го поддржува Хамас треба да биде елиминиран, пренесува Анадолија.
„За да биде јасно, кога велат дека Хамас треба да се елиминира, тоа значи и оние кои го опеваат, оние кои поддржуваат и оние кои делат слатки, сите тие се терористи“, рече Бен-Гвир за време на интервјуто за израелскиот Канал 12, додавајќи: Сите тие треба да бидат елиминирани“.
Бен-Гвир неодамна им делеше оружје на цивилите низ Израел и на еврејските доселеници на окупираниот Западен Брег. Според извештаите на израелските медиуми, околу 25.000 оружје, како и муниција и друг воен материјал, биле купени од израелски компании за оружје како дел од кампањата на Бен-Гвир за вооружување на цивилите и доселениците.
Бен-Гвир е поранешен член на расистичкото движење Кахана, кое беше забрането од Израел во 1998 година поради терористички акти и прогласено за терористичка организација од страна на САД.
Бен-Гвир бил ослободен од воена служба поради неговите радикални убедувања.