Израелската војска денеска соопшти дека го убила шефот за внатрешна безбедност на палестинското движење Хамас во воздушен напад врз Појасот Газа.
-Во последните денови, израелската армија и Шин Бет (внатрешна безбедност) извршија рација и го елиминираа терористот Рашид Јаџух, шеф на генералната служба за безбедност на Хамас- напиша портпаролот на армијата Авичаи Ардаи на платформата „X“, додавајќи дека Јаџух ја презеде власта од Сами Одех, кој беше убиен во јули 2024 година.
Според Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор, внатрешната безбедносна служба на Хамас е одговорна за борба против шпионажата во корист на Израел и за собирање разузнавачки информации за политичкото раководство.
Во вториот, одделен напад, убиен е Исмаил Абделал, кој се смета за „одговорен за повеќето операции за шверц на оружје на Исламски џихад“, група сојузничка со Хамас во Појасот Газа, соопшти израелската војска.