Делегација на средно ниво што учествува во индиректните мировни преговори меѓу Израел и Хамас е во Египет, каде треба да процени дали има смисла во разговорите да се вклучат и шефот на Мосад, Давид Барнеа и шефот на Шин Бет, Ронен Бар, во наредните денови, изјави израелски официјален претставник.
– Израел е разочаран од посредништвото на Катар во последно време – вели официјалниот претставник, пренесува Тајмс оф Израел.
– Тие не вршат доволен притисок врз Хамас – рече официјалниот претставник за време на разговорите во Египет, земја со која Израел споделува длабоки, долгогодишни безбедносни врски. Администрацијата на египетскиот претседател Абдел-Фатах ал-Сиси, исто така, ги гледа Хамас и неговото матично движење, Муслимански браќа, како непријатели.
– Израел е подготвен да покаже одредена флексибилност во однос на ослободувањето на затворениците, но не е подготвен да дозволи масовно враќање на жителите на Газа во северниот дел на Појасот како што бара Хамас – рече официјалниот претставник
– Нема да дозволиме Хамас повторно да се воспостави на северот – појасни претставникот, пренесува Тајмс оф израел.