Фото: Принтскрин

Високиот ирански функционер Али Лариџани е убиен во израелски воздушен напад во Иран, изјави израелскиот министер за одбрана Израел Кац, пренесува Ројтерс.

Според соопштението на Израелските одбранбени сили, Лариџани бил цел на нападот, а во моментот ја извршувал функцијата секретар на Националниот совет за безбедност на Иран.

Во одвоен напад, како што соопшти израелската војска, бил убиен и командантот на паравоените сили Басиџ, Голамреза Солејмани.

– Лариџани и командантот на Басиџ беа елиминирани во текот на ноќта – изјави Кац за време на утринската процена на безбедносната состојба – се наведува во соопштението од неговиот кабинет.

Нападите се случуваат во услови на зголемени тензии меѓу Израел и Иран, додека двете страни продолжуваат со меѓусебни обвинувања и воени операции.