Израелската армија го уби лидерот на исламистичкото движење Хамас, Али Кади, кој го предводеше крвавиот напад врз Израел, изјави воен портпарол.
– Командантот на специјалната елитна единица на Хамас, Нухба, која го предводеше нападот врз израелските градови во близина на Појасот Газа минатиот викенд, беше убиен во воздушен напад – рече портпаролот.
Тој додаде дека информациите за смртта на Али Кади во Газа се засноваат на информации собрани од Армијата и Службата за внатрешна безбедност (Шин Бет).
Али Кади беше ослободен од израелските власти како дел од размената на затвореници по ослободувањето на француско-израелскиот војник Гилад Шалит, кој беше киднапиран од Хамас на 25 јуни 2006 година и ослободен на 18 октомври 2011 година, по пет и пол години заробеништво во Појасот Газа.
Извор од Хамас одби да ја коментира смртта на командантот идентификуван како „Али ал Кади“ и не сакаше да даде никакви информации за неговата судбина.
Според овој извор, Ал Кади (37) е од Рамалах на Западниот Брег, а бил депортиран во Газа како дел од размената на палестински затвореници со цел ослободување на Гилад Шалит.