Началникот на израелскиот штаб, Ејал Замир, објави распоредување војници на сириската граница и појава на капацитети за надзор и офанзивни капацитети.
Тој ѝ нареди на Северната команда на Израелските одбранбени сили (ИДФ) да ги пренасочи силите кон сириската граница за да ја „зголеми стапката на напади“ и да ги запре нападите врз Друзите во Сирија – објави „Тајмс оф Израел“.
-ИДФ се посветени на сојузот со нашите браќа Друзи и затоа напаѓаат цели низ Сирија за да ги заштитат во регионот Свеида, Џабал ал-Друзи и каде што е потребно – рече Замир.
Претходно денеска, израелските сили ја нападнаа зградата на Министерството за одбрана во Дамаск, и во моментов не е познато дали има жртви.
ИДФ соопштија дека утрово извршиле напад со дрон врз сирискиот главен град Дамаск и дека влезот во сириската воена команда бил погоден.
Претходно, израелски дронови го погодија и сирискиот град Свеида, каде што продолжија судирите меѓу сириските владини трупи и локалните борци Друзи.
Судирите меѓу сириските владини трупи и локалните борци Друзи продолжија во јужниот сириски град Свеида, само неколку часа откако беше објавен прекин на огнот.