Фото: Пиксабеј

Израелската затворска служба денеска соопшти дека ослободила речиси 2.000 затвореници, претежно Палестинци, како дел од договорот за прекин на огнот во Газа.

Службата во соопштението наведува дека „1.968 терористи биле префрлени од неколку затвори низ земјата во затворите Офер и Кзиот“.

– По завршувањето на потребните процедури во затворите и одобрението од политичките власти, сите терористи биле ослободени, при што оние од затворот Офер се упатиле кон Западниот Брег и Источен Ерусалим, а оние од затворот Кзиот кон Керем Шалом – додадоа властите.