Фото: Пиксабеј

Клубот на палестинските затвореници соопшти дека Израел денеска ќе ослободи 369 палестински затвореници, во замена за тројца заложници држени во Појасот Газа од нападот на Хамас на израелска територија на 7 октомври 2023 година.

Заедно со нив ќе бидат ослободени и 333 затвореници од Појасот Газа, уапсени по 7 октомври 2023 година, изјави претседателот на невладината организација Абдала Зегари.