Израел од недела ќе биде домаќин на „историски“ дводневна средба на врвни дипломати од САД, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Мароко, соопшти Министерството за надворешни работи.
– На покана на министерот за надворешни работи Јаир Лапид, во недела и понеделник во Израел ќе се одржи историска дипломатска средба на врвот – се вели во соопштението.
Претходно беше соопштено дека од 26 до 30 март американскиот државен секретар Ентони Блинкен ќе престојува во Израел, Западниот Брег, Мароко и Алжир за да разговара за војната во Украина, израелско-палестинските односи и Иран.
При првиот дел од патувањето, Блинкен ќе има одвоени разговори со израелскиот премиер Нафтали Бенет и со палестинскиот претседател Махмуд Абас во Рамала, а во Мароко ќе се сретне со престолонаследникот на Абу Даби, Мохамед бин Зајед, де факто владетел на ОАЕ.
– Дискусиите ќе ја опфатат „војната на руската влада во Украина, дестабилизирачките акции на Иран, Аврамскиот договор и договори за нормализирање на односите со Израел, израелско-палестинските односи и одржувањето на можноста за решавање на израелско-палестинскиот конфликт по моделот на две држави – рече портпаролот. Стејт департментот Нед Прајс