Фото: Принтскрин / Фејсбук / Бенjамин Нетанјаху

Израел изрази надеж дека меѓународниот притисок од посредниците и САД ќе ја убеди палестинската групација Хамас да ја прифати понудата од 27 мај за прекин на огнот во замена за ослободување на заложниците – соопшти кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Во изјавата се истакнува дека Израел ги цени напорите што ги прават САД и посредниците за да го разубедат Хамас од одбивање на договорот за заложниците.