Фото: Пиксабеј

Граничниот премин „Керем Шалом“ помеѓу Израел и Појасот Газа денеска е повторно отворен, еден ден по серијата израелски напади врз палестинската енклава.

„Керем Шалом“ е повторно во функција, „во целосна согласност со договорот“ за прекин на огнот, што стапи во сила на 10 октомври.

Вчера, Израел го суспендираше влезот на хуманитарна помош во Појасот Газа „до понатамошно известување“, обвинувајќи го Хамас за кршење на договорот. Палестинското исламистичко движење ги негираше израелските обвинувања.