Израел изврши воздушен напад врз клучен пат меѓу либанската престолнина Бејрут и главниот град на Сирија – Дамаск, уништувајќи минибус полн со муниција, при што загина возачот, соопштија извори од либанската служба за безбедност, пренесува БТА.
Изворите потврдија дека минибусот, погоден на патот помеѓу Бејрут и Дамаск, бил полн со оружје, а по нападот патот е затворен за сообраќај.
Во меѓувреме, израелската војска повика на евакуација на населението во градот Баалбек во источен Либан.
Паралелно, групата „Хезболах“ изврши напад со беспилотни летала врз воена база во близина на Хаифа, во северен Израел, како одговор на израелските напади врз Либан.
Според податоците, израелските напади во Либан за последниов месец предизвикале над 1.700 жртви.