Израел утрово соопшти дека го нападнал Иран, а иранските медиуми објавија дека во Техеран се слушнале експлозии.
Израел соопшти дека прогласува вонредна состојба во очекување на напади со ракети и беспилотни летала од страна на Техеран.
Израелски воен претставник изјави дека Израел напаѓа „десетици“ нуклеарни и воени цели.
-По превентивниот напад на државата Израел врз Иран, во непосреден рок се очекува напад со ракетни и беспилотни летала врз државата Израел и нејзиното цивилно население – изјави министерот за одбрана Израел Кац.
Агенциите пренесуваат дека двајца американски претставници, кои зборувале под услов да останат анонимни, изјавиле дека Израел започнал да извршува напади врз Иран и дека немало помош или вмешаност на САД во операцијата. Си-eн-eн објави дека американскиот претседател Доналд Трамп свикал состанок на кабинетот.