Израелската војска утринава изврши околу 150 напади врз цели на Хезболах во Либан, од каде исламистичкото движење истрелува ракети на израелска територија за поддршка на палестинскиот Хамас во Појасот Газа.
– Утринава имаше околу 150 воздушни напади – рече портпаролот на армијата.
Нападите биле извршени меѓу 6:30 и 7:30 часот по локално време.
Либанскиот премиер Наџиб Микати го осуди „планот за уништување што го спроведува Израел“.
– Продолжувањето на израелската агресија против Либан е војна за истребување во секој поглед, план за уништување чија цел е да ги избрише либанските села и градови – рече тој.
Израелската армија утринава им порача на либанските граѓани „да се држат подалеку од целите на Хезболах“ во јужен Либан