Фото: ЕПА

Израелските воздухопловни сили изутрината бомбардираа пет ирански хеликоптери AH-1 во воздухопловната база во градот Керманшах, на истокот од Иран, изјави портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), генерал Ефи Дефрин, објаснувајќи дека задачата на тие авиони била да ја оштетат израелската воздухопловна флота.

Во истото обраќање пред новинарите, генерал Дефрин рече дека Иран лансирал околу 30 балистички ракети кон Израел во два баражни напади во текот на ноќта, додавајќи дека повеќето од ракетите биле пресретнати и дека нема повредени, пренесува „Тајмс оф Израел“.

-Во меѓувреме, израелските воздухопловни сили погодиле над 1.100 ирански цели во стотици напади од петокот. Дејствуваме систематски за да ја неутрализираме нуклеарната закана – рече Дефрин, додавајќи дека нападите „ја продлабочуваат значајната штета“ нанесена на иранскиот систем за противвоздушна одбрана и балистичките ракети.