Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави денеска дека Ормускиот Теснец останува затворен и дека е забранета пловидба „до и од пристаништата на сојузниците и поддржувачите на израелските и американските непријатели“ преку кој било коридор или до која било дестинација – објавија иранските државни медиуми, пренесе МИА.
ИРГЦ додаде дека секој транзит низ Ормускиот Теснец ќе биде пресретнат со „строги мерки“.
Три контејнерски брода што пловат под разни знамиња беа вратени од овој поморски пат по предупредување од морнарицата на Револуционерната гарда, објавија медиумите.
Иранското Министерство за надворешни работи во вторникот ги извести ОН дека „пловилата што не се непријателски“ може да поминат низ Ормуската Теснина во координација со иранските власти.

































