Иранскиот напад со дронови врз поморската база во Абу Даби предизвикал пожар, но немало жртви, соопшти Министерството за одбрана, додека Иран го напаѓал Заливот втор ден по бранот американски и израелски напади, пренесува МИА.
– Специјализирани тимови денеска реагираа на инцидент што произлезе од напад на два ирански дрона врз магацин во поморската база Ал Салам во Абу Даби. Нападот предизвикал пожар во два контејнери со општи материјали, но немало жртви – вели Министерството.































