Иранската Црвена Полумесечина (IRC) предупреди на ризикот од токсичен дожд по експлозиите во нафтените постројки во Иран, пренесе „Танјуг“.
Тие нагласи дека таков дожд може да предизвика хемиски изгореници на кожата и оштетување на белите дробови и им наложи на граѓаните да не ги напуштаат своите домови под никакви околности по експлозиите во нафтените постројки и веднаш да се засолнат под бетонски или метални покриви ако се надвор.
Професорот на Универзитетот во Техеран, Фуад Изади, рече дека околу пладне по локално време, изгледало како ноќ поради чадот од експлозиите во нафтените постројки во градот.
Најмалку четири лица загинаа во израелските напади врз иранските постројки во Техеран и покраината Алборз.
Нафта од погодените постројки протече во дел од канализацискиот систем на Техеран, а „реки од оган“ течеа по улиците во иранскиот главен град.































