САД се веќе воено вклучени во конфликтот меѓу Израел и Палестинците, изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Насер Канани на прес-конференција.
-Иран смета дека САД се веќе воено вклучени во конфликтот меѓу Израел и Палестинците – рече Канаани, на прашањето дали Иран ќе се вклучи доколку САД се вклучат во конфликтот.
Во меѓувреме, Израел го обвини Иран дека вчера наредил напади на Хезболах на либанско-израелската граница.
-Хезболах изврши голем број напади со огнено оруже цел да го одвлече вниманието од нашите воени напори на југ (Газа), под иранска инструкција и со (иранска) поддршка – рече портпаролот на израелската армија Даниел Хагари.