Jemenski Huti
Фото: ЕПА

Иран се закани со „силен одговор“ по разорните израелски напади врз Либан, во кои, според официјални податоци, загинаа повеќе од 200 лица, а над 1.000 се повредени.

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ги оцени нападите како „очигледно кршење на првичниот договор за примирје“.

-Ова е опасен сигнал на измама и недостиг на посветеност кон можните договори – рече тој, додавајќи дека „продолжувањето на овие дејствија ќе ги направи преговорите бесмислени“.

-Нашите прсти остануваат на чкрапалото. Иран никогаш нема да ги напушти своите либански браќа и сестри – предупреди Пезешкијан.

Израел, пак, инсистира дека конфликтот со проиранската милиција Хезболах не е опфатен со примирјето со Иран, кое беше објавено од американскиот претседател Доналд Трамп и посредувано од Пакистан.

Најновите напади врз Либан предизвикаа стравувања дека кревкото примирје, кое вклучуваше и повторно отворање на клучниот Ормуски теснец, би можело да се распадне.

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад-Багер Галибаф, исто така упати закани кон Израел.