Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран се обидува да постигне договор со САД, но дека, според него, таквите обиди доаѓаат предоцна, пренесе „Ројтерс“.
– Тие се јавуваат и прашуваат како можат да постигнат договор. Им реков дека малку доцнат – изјави Трамп.
Тој додаде дека во моментов САД немаат намера да ги прекинат операциите и дека американската армија, заедно со Израел, продолжува со нападите врз Иран.
– Војската на САД, заедно со нашите израелски партнери, продолжува целосно да го уништува непријателот, и тоа многу побрзо од очекуваното – рече Трамп.
Според него, американските и израелските сили ќе продолжат со воените операции, нагласувајќи дека тие се одвиваат со силен интензитет.

































