Иран презентираше предлог од 10 точки за прекин на конфликтот со САД и Израел, што, меѓу другото, предвидува воведување на такса од околу два милиони долари по брод за премин низ Ормускиот теснец, а приходите ќе се користат за обнова на инфраструктурата уништена од американските и израелските напади.
Двајца високи ирански функционери, зборувајќи под услов да останат анонимни, рекоа дека предлогот вклучува гаранција дека Иран нема повторно да биде нападнат, крај на израелските напади врз Хезболах во Либан и укинување на сите санкции, објави „Њујорк тајмс“.
За возврат, Иран ќе ја укине де факто блокадата на преминот и ќе ги дели приходите со Оман, додека целиот предлог ќе вклучува протокол за безбедно преминување, обнова на инфраструктурата и прекин на регионалните непријателства.
































