Иран ќе ги продолжи воените дејства на Блискиот Исток сè додека САД и Израел не се соочат со „трајно жалење и предавање“, изјави портпаролот на заедничката команда на вооружените сили.
Портпаролот на Централната команда „Хатам ал-Анбија“, Ебрахим Золфакари, порача дека Техеран ќе ги засили воените операции и најави „поразорни, пошироки и поинтензивни“ напади врз противниците.
Изјавата доаѓа по пораките од американскиот претседател Доналд Трамп, кој најави дека САД ќе го нападнат Иран „екстремно силно“ во наредните недели, оценувајќи дека земјата е веќе „суштински десеткувана“ и дека американските цели се блиску до исполнување.
Золфакари ги отфрли ваквите проценки, оценувајќи дека анализите на САД и Израел за воените капацитети на Иран се „нецелосни“.
































