Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Техеран со „досега невидени последици“ по медиумските извештаи дека Иран поставил мини во Ормускиот Теснец, објави МИА.

– Доколку Иран поставил мини во Ормускиот теснец, а немаме извештаи дека го сториле тоа, сакаме тие да се отстранат веднаш! Доколку поради која било причина се поставени мини, а тие не се отстранат веднаш, воените последици за Иран ќе бидат на досега невидено ниво. Од друга страна, ако го отстранат она што можеби е поставено, тоа ќе биде огромен чекор во вистинската насока – напиша Трамп на Трут Соушл (Truth Social).

Повикувајќи се на два извори, „Си-ен-ен“ претходно јави дека Иран почнал да поставува мини во Ормускиот теснец, најважното енергетско тесно грло во светот низ кое минува околу една петтина од вкупната светска трговија со сурова нафта.