Јапонскиот медиум „ЏБ прес“, во написот на Јуничи Суми, актуелен јапонски дипломат и експерт за Иран и Блискиот Исток, многу пластично ги опишува актуелните тенденции во надворешната политика на Иран. Тој детектира дека „Иранците генерално имаат многу резервиран став во однос на Русија“. Тој вели дека „никогаш нема видено Иранец да изјави дека ја сака Русија или дека ја смета за доверлив партнер“. Но, во исто време, тој е свесен за нештата што се нови и свежи. Според една од најновите анкети за испитување на јавното мислење – спроведена во февруари 2021 година од страна на американскиот универзитет во Мериленд, во соработка со агенцијата „Иран Пол“ (со седиште во Торонто) – повеќе од половината од анкетираните Иранци (56 отсто) се изјасниле позитивно за Русија, од кои 15 отсто својот став кон Русија го оцениле како „многу поволен“, а 41 отсто како „поволен“!
Кон кого гледа Иран во екот на актуелните глобални тектонски поместувања
Историјата на руското присуство и мешање во иранските внатрешни прашања во текот на 19 и почетокот на 20 век, како и советската поддршка за Садам Хусеин за време на иранско-ирачката војна (1980-1988), кај Иранците предизвикува силно чувство на задирање во нивното национално достоинство и сè уште се памети во иранското општество. Во тој контекст, јапонскиот дипломат Јуничи Суми, актуелен јапонски дипломат и експерт за Иран и Блискиот Исток, наведува дека во текот на последниве неколку години Русија дури се согласила и со резолуциите на ОН во однос на санкциите кон Иран (декември 2006 – декември 2008, јуни 2010), а ги замрзнала и договорите за испорака на системот за воздушна одбрана „С-300“ за Техеран (2010).
Но Украина ги менува работите…
Актуелните состојби дијаметрално го менуваат мислењето на Иранците
за Русија
Според една од најновите анкети за испитување на јавното мислење, спроведена во февруари 2021 година од страна на американскиот универзитет во Мериленд, во соработка со агенцијата „Иран Пол“ (со седиште во Торонто), повеќе од половината од анкетираните Иранци (56 отсто) се изјасниле позитивно за Русија, од кои 15 отсто својот став кон Русија го оцениле како „многу поволен“, а 41 отсто како „поволен“.
Набргу по започнувањето на руската воена операција во Украина, рускиот претседател Путин му се јави на својот ирански колега Ибраим Раиси за да му ги објасни нејзините цели. Во својот одговор, претседателот Раиси изјавил: „Проширувањето на НАТО претставува сериозна закана за стабилноста и безбедноста на независните држави во регионот“. Со ваквата реакција, иранскиот лидер јасно го покажа својот став кон руската политика во Украина и во Европа.
Ние сме против каква било војна и го поддржуваме прекинот на огнот во Украина – изјави врховниот лидер, ајатолахот Али Хаменеи, додавајќи истовремено и дека „коренот на украинската криза е во политиката на САД, чија жртва станува Украина“.
Во тој контекст, ајатолахот даде и една многу значајна забелешка: „Украинската лекција за меѓународната заедница гласи дека т.н. штит, составен од западните земји, не функционира и дека тој е само ‘фатаморгана’, која ја зголемува светската недоверба во САД и Западот“.
Техеран и украинското прашање
Кога станува збор за надворешната политика, може да се воочат нијанси во иранските постапки: Техеран настојува да држи одредена „рамнотежа“ во однос на украинското прашање. Така, на 2 март, за време на гласањето за резолуцијата на Генералното собрание на ОН, со која се изрази осуда за Русија, Иран беше воздржан. Оваа држава се сеќава на својата историја – кога беше жртва на колонијализмот – и применува зголемена претпазливост во однос на проблемите поврзани со сепаратизмот и национализмот, со оглед на присутноста на голем број етнички групи на својата територија (Курди, Белуџи, Арапи итн.). Во таа смисла, Техеран е доста чувствителен на какви било предизвици за својот територијален интегритет, пишува јапонскиот медиум. „Оттука, поддржувајќи го рускиот наратив дека ‘мешањето на Западот е корен на сите проблеми’, Иран истовремено не ја признава независноста на Јужна Осетија и Абхазија, како ни руското припојување на Крим“, пишува Анабела Јеленчиќ за „Геополитика њуз“.
Под влијание на продлабочените воени врски се прошируваат и политичките и дипломатските односи меѓу Иран и Русија, но и соработката во економската сфера.
Иако бавно, Иран јасно се врти кон Русија и Кина
Генерално гледано, може да се заклучи дека во последниве години Техеран, иако бавно, јасно се сврте кон исток, поточно кон Русија и Кина. Причина за ова се цела низа настани, почнувајќи од претседателскиот мандат на Трамп, преку едностраното повлекување на САД од американскиот нуклеарен договор, вашингтонското усвојување на политиката на „максимален притисок“ врз Иран, па до убиството на заповедникот на Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), генералот Касем Солејмани.
Со поддршка од страна на Русија, во септември 2021 година беше договорен официјалниот пристап на Иран во Шангајската организација (СЦО), нешто што Иран долго време го бараше. По почетокот на специјалната руска операција во Украина, кај некои од членовите на највисокото иранско раководство почнаа да растат очекувањата за „руско зближување со Иран“, најмногу поради заострувањето на конфликтот со Западот.
Јуничи Суми, актуелниот јапонски дипломат од кариера и експерт за Иран и Блискиот Исток, реторички во јавноста го отвора прашањето или дилемата „дали е поминато времето кога Иран беше руската ‘карта против САД’“, како што еднаш изјавил иранскиот министер за надворешни работи Зариф. И второ, тој констатира дека „претседателот на Русија, Путин, сака да ја воскресне ‘силната Русија’ и веќе не се стеснува да им се спротивстави на САД“ во коалиција со други држави, истомисленички.
Синхронизација на руската и иранската политика или „брак од интерес“!?
Резонот на Техеран денес се покажува како изненадувачки совпаднат со оној на Кремљ, како што е:
– спротивставување на хегемонијата на единствената суперсила – САД;
– крај на монополарноста и желба за мултиполарен свет, целосен реализам и прагматизам;
– сознание дека способноста на еден народ за задржување на сопствениот суверенитет зависи од неговата воена моќ, одбрана на своите сфери на влијание;
– став дека САД водат „невидлива војна“ во светот, „заговорнички поглед на светот“ и свест за себе како „жртва“ во смисла на задирањето во други сфери на влијание…
Овде е важно да се спомне дека Техеран ги признава сферите на влијание што ги надминуваат законски признаените граници на оваа земја. Веднаш под нив се наоѓа темелниот став на иранското раководство дека исламската револуција е насочена кон ослободување на сите обесправени луѓе во светот!
Јапонскиот дипломат вели дека во моментов односите меѓу Иран и Русија се „брак од интерес“. Ова е во смисла дека некогашните симпатии и антипатии на двете страни сега се ставени настрана, па за да опстанат во сегашнава меѓународна ситуација, тие мора да го јакнат единството втемелено на нивните суштински интереси.