Иран се согласи да ја „олесни и забрза“ хуманитарната помош преку Ормуска Теснина – соопшти иранскиот амбасадор во Обединетите нации во Женева, Али Бахреини.
Бахреини информира дека Техеран го прифатил барањето од Обединети нации за да овозможи безбедно поминување на хуманитарна помош и земјоделски пратки низ овој критичен воден пат, кој претставува клучна артерија за глобалното снабдување со нафта.
-Оваа мерка ја одразува континуираната посветеност на Иран за поддршка на хуманитарните напори и обезбедување дека основната помош ќе стигне до оние на кои им е потребна без одложување – напиша Бахреини на X.
Претходно, Обединети нации соопштија дека е формирана работна група за справување со последиците што војната во Иран ги има врз транспортот и дистрибуцијата на хуманитарната помош.
































