Фото: Пиксабеј / Илустрација

Двонеделниот договор за прекин на огнот меѓу САД и Иран предвидува воведување такси за премин на бродовите низ Ормуската Теснина, кои би ги наплаќале Иран и Оман – изјави регионален функционер вклучен во преговорите.

Според неговите информации, Иран планира приходите од таксите да ги насочи кон обнова на земјата по конфликтот, додека засега не е познато за кои цели Оман ќе ги користи средствата.

Ормуската Теснина се наоѓа во територијалните води на Иран и Оман, но досега меѓународната заедница ја третираше како слободен меѓународен пловен пат, низ кој бродовите минуваат без плаќање надомест.

Функционерот, кој бил директно вклучен во разговорите, ги изнел овие детали под услов на анонимност, поради чувствителноста на преговорите.