Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) ја коментираше ситуацијата со превртеното знаме на вчерашното отворањето на Игрите, за кое доби бројни критики на социјалните мрежи. Се извини и затоа што Јужна Кореја беше претставена како Северна Кореја.
-Длабоко се извинуваме за грешката при претставувањето на Јужна Кореја – напиша ИОК на Х на корејски.
Олимпиското знаме беше обесено наопаку за време на отворањето на Олимпијадата во Париз. Знамето беше неправилно закачено на јарболот, поради што се издигна со два круга нагоре, а не како во класичната верзија со три.
-Жалиме за овој инцидент. Сè може да се случи за време на организацијата на четири часовно шоу. Продолжуваме да одиме напред, ова не е крај – изјави Марк Адамс – директорот за комуникации на ИОК.
Игрите во Париз ќе траат до 11 август.