Фото: Принтскрин/Јутуб

Руската интерконтинентална балистичка ракета „Булава“, која ја разви Московскиот институт за топлинска технологија, влезе во служба на вооружените сили на Русија, соопшти денеска главниот конструктор на институтот Јуриј Соломонов.

– На 7 мај годинава беше потпишан указ за прифаќање на ракетниот систем „Булава“ за употреба во вооружените сили – изјави Соломонов за руските медиуми.

Во ноември минатата година руското Министерство за одбрана објави дека подморницата „Цар Александар Трети“ успешно тестираше балистичка ракета „Булава“.