Нападите на Индија врз Пакистан беа насочени кон „терористички кампови“ кои служеа како центри за регрутирање и места за стационирање, каде што се складира оружје и има објекти за обука, соопшти индиската војска.
– Разузнавањето и надзорот на терористичките модули со седиште во Пакистан покажаа дека претстојат нови напади врз Индија, поради што беше неопходно да се преземат превентивни напади – рече Викрам Мисри, главен секретар на индиското Министерство за надворешни работи.
Најмалку десет лица беа убиени, а 48 повредени во селото Пунч во индискиот Кашмир (во индиската држава Џаму и Кашмир) во размена на артилериски оган меѓу Индија и Пакистан по должината на нивната граница во спорниот хималајски регион.
Во меѓувреме, бројот на жртви од индиските напади врз Пакистан се зголеми на 26, а 46 се повредени, соопшти пакистанската армија, додавајќи дека Индија нападнала и неколку брани.