Фото: Пиксабеј / Илустрација

Вонредна состојба е воведена во регионот Амур на далечниот исток на Русија поради несреќа во рудникот за злато „Пионер“ во областа Зеја, каде што 13 лица останаа заробени под урнатините поради пад на карпа, соопшти Владата на тој регион.

Претставник на итната служба за „РИА Новости“ изјави дека во рудникот во моментот на уривањето имало 13 лица. Контакт со нив се уште не е остварен.

Спасувачките служби претходно известија дека е изгубен контактот со 13 работници во рудникот „Пионер“.

Групата спасувачи, главно од регионот на Јакутија се состои од 25 вработени. Покрај тоа, хеликоптерот Ми-8 на Министерството за вонредни ситуации на Русија полета до местото на несреќата, пишува „Интерфакс“.

Оперативните служби за „Интерфакс“ изјавија дека, според прелиминарните информации, луѓето се на длабочина од 100 до 150 метри.

Засега нема информации за можни жртви.