Против разрешениот градоначалник на Истанбул, Екре Имамоглу поведено е уште едно обвинение – за политичка шпионажа и одредена му е мерка притвор.
– Ништо не е вистина и сè е можно. Токму во такво место ја претворија мојата прекрасна земја. Дури и обвинението за палење на Рим е повистинито од оваа глупост – објави на Фејсбук Имамоглу, кој е во затвор од март 2025 година чекајќи судење по неколку одделни обвиненија за корупција, а во јули беше осуден за навреда и заканување на главниот обвинител на Истанбул.
Во најновото обвинение се наведува дека Имамоглу учествувал во собирање мито, што било наменето за финансирање на неговата претседателска кампања, како и во шпионажа против обезбедување меѓународна поддршка.
Имамоглу посочи дека отсега натаму, битката „со умот што се обидува да ја уништи иднината на нацијата“ ќе биде уште поголема. Тој ги повика луѓето да не губат надеж и оти со храброст, решителност и непоколебливост ќе победат.
Стотици членови и градоначалници на опозициската Републиканска народна партија (ЦХП), чиј член е Имамоглу, се соочуваат со обвиненија поврзани со корупција и нелегални активности.

































