Американската потпретседателка и демократски кандидат за претседател Камала Харис денеска изјави дека е постигнат „извесен напредок“ во врска со договорот за прекин на огнот во Газа, но оти напредокот е „бесмислен“ доколку договорот навистина не биде постигнат.
– Треба да постигнеме прекин на огнот и договор за заложниците што е можно поскоро – изјави Харис на телевизијата Си-би-ес.
Харис во неделата најави дека Вашингтон ќе изврши притисок врз Израел и другите страни во регионот на Блискиот Исток со цел да се постигне договор за прекин на огнот во Газа.