Руските напади во текот на ноќта оштетија повеќе од десетина цивилни објекти и оставија илјадници луѓе без струја во седум региони, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски.
– Важно е сите сега да видат што прави Русија, бидејќи е јасно дека таа не е насочена кон завршување на војната – напиша Зеленски на социјалните медиуми.
Тој додаде дека „тие сè уште имаат за цел да ја уништат нашата држава и да им предизвикаат најголемо страдање на нашиот народ“.
Русија, од своја страна, потврди дека нападнала украински цели со хиперсонични ракети.

































