Фото: Пиксабеј

Раководителот на Кардиналскиот колегиум, кој ќе го избере следниот папа, за време на литургијата во Ватикан пред почетокот на конклавата, повика да биде избран тој „кој им е потребен на Црквата и човештвото во овој тежок, сложен и исполнет со проблеми пресвртен момент во историјата“.

Во својата проповед во базиликата „Свети Петар“, Италијанецот Џовани Батиста Ре повика „единството на Црквата“ да се „одржи“ на „овој избор од исклучителна важност“, во кој „сите лични размислувања треба да бидат оставени настрана“.

Првото гласање на 133-те кардинали ќе биде доцна попладнево. Ова е најразновидната конклава во 2.000-годишната историја на христијанската црква, забележуваат агенциите.

Кардиналите од 70 земји ќе се изолираат од надворешниот свет без мобилни телефони, а сигналот околу Ватикан ќе биде пригушен за да се заштитат од каков било надворешен контакт додека не изберат нов водач на Католичката црква, која има 1,4 милијарди следбеници низ целиот свет.